Политика за заштита на лични податоци

Последно обновено: 10.10.2015

Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на Power Plate веб страната, и објаснува како ние ги користиме вашите податоци, а се однесува на нашиот веб сајт www.powerplate.mk, мобилната верзија на веб сајтот и нашите социјални мрежи. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност.

Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколу не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт.

ИЗМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци за да ги содржи нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот. Можете да видите кога оваа Политика за заштите на лични податоци била последен пат променета според датумот објавен погоре во "Последно обновено". Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.

Политиката за зашите на лични податоци е организирана на следниот начин:

  • 1. Видови на податоци кои ние ги собираме
  • 2. Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци
  • 3. Како PowerPlate.mk ги користи податоците
  • 4. Кога и како PowerPlate.mk открива податоци
  • 5. Како PowerPlate.mk ги собира податоците
  • 6. Безбедност на податоците
  • 7. Пристап и промена на Вашите податоци
  • 8. Приватност на трети страни
  • 9. Терминологија
  • 10. Контакт во врска со политиката за заштита на лични податоци

1. Видови на податоци кои ние ги собираме

Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници, Лични податоци и Не-лични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:

  • го пристапувате или користите нашиот сајт
  • се најавувате на PowerPlate.mk
  • ги отворате или одговарате на нашите email пораки
  • оставате коментари на сајтот

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на профил, резервирање услуга од нас, пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќање на нас повратни податоци, барање податоци за нашите услуги, може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас. Не е задолжително за да се вклучите во некоја активност која бара идентификација. Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број и датум на раѓање. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.

НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор ("URL") на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, типот на пребарувачот што го користите и вашиот Интернет протокол ("IP") адреса. Ние, и / или нашите овластени трети странки Даватели на услуги и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како "Cookies" и Web beacons или Пиксел тагови, како што е опишано во точките 4 и 8 на оваа Политика за заштита на лични податоци.


2. Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци

Иако податоците се користат со добра намера и цели можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате.

Можете да одберете како Вашиот пребарувач зачувува Колачиња (анг. Cookies) со подесување во самиот пребарувач. Пребарувачите се различни, затоа следете ги инструкциите на пребарувачот зависно кој го користите. Истото може да го подесите и од Вашиот паметен уред доколку ја користите веб страната со подесување зависно од мобилниот уред.

Исто така може да одберете кои податоци ги споделувате со нас кога се поврзувате со нас преку Социјалните мрежи или апликации. Ве молиме погледнете ја Политиката за приватност и подесувањата на социјалните мрежи или апликации за да може да научите како да ги прилагодите пермисиите и да ја промените интеракцијата помеѓу PowerPlate.mk и Вашиот профил на социјалната мрежа или апликација.


3. Како PowerPlate.mk ги користи податоците

Ние ги користиме собраните податоци кои се образложени во оваа Полтика за заштита на лични податоци со цел:

  • да го подобриме работењето на сајтот
  • да комуницираме и ве информираме за дополнителни работи околу PowerPlate.mk
  • да ви испраќаме потсетници, известувања, апдејти, административни пораки, промотивни пораки и барани информации
  • да ги водиме секојдневните бизнис активности како администрација на сајтот, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите

4. Кога и како PowerPlate.mk открива податоци

Ние нема да ги делиме, продаваме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:

  • Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци при трансфер на бизнисот. Како секој бизнис, ние би можеле да се споиме или да бидеме купени од друга фирма. Ако тоа се случи, наследник компанијата ќе се здобие со податоците што ги чуваме, вклучувајќи ги личните податоци. Сепак, личните податоци ќе останат предмет на оваа Политика за заштита на лични податоци.
  • Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница.
  • Ние може да откриваме или споделуваме Не-лични податоци со бизнис соработниците, и огласувачите. На пример, може да споделиме агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични податоци), со "Огласувачи" или "Маркетинг компании".

5. Како PowerPlate.mk ги собира податоците

Вие ни ги оставате Вашите податоци кога се регистрирате, зачленувате, креирате профил, или на било кој начин имате интеракција со нашиот сајт. Исто така собираме податоци и кога не контактирате онлајн преку електронска пошта за корисничка поддршка и кога оставате коментари во онлајн заедниците за коментирање и споделување мислења. Покрај тоа собираме податоци на други начини со цел да го подобриме искуството и да ги оствариме маркетинг целите.

Еден начин на собирање податоци е преку Колачиња (анг. Cookies) За да се олесни и прилагоди вашето искуство со веб-страница, ние зачувуваме cookies на вашиот компјутер. Cookie е мал текстуален податок кој е складирани на компјутерот на корисникот за целите за чување на податоци кои содржат податоци за тој корисник. Ние користиме cookies додека ја користитете нашата веб страница со цел да ви заштедиме време и да ги следиме интересите на целните корисници за да обезбедиме специјално-прилагодено искуство. Cookies, исто така, овозможуваат да се соберат не-лични податоци од Вас, како што се страници кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале. Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат cookies, но вие можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач, за да одбиете cookies. Забележете дека ако сте ги одбиле или избришале овие cookies, некои делови од веб-страницата може да не работат правилно.

Други помагала за следење. Ние може да користиме други стандардни технологии како пиксел тагови за да ја следиме Вашата употреба на нашите веб-страници и промоции, или може да им овозможиме на нашите Бизнис соработници да ги користат овие уреди во наше име. Pixel тагови се мали графички слики поставени на некои страни од нашиот веб-сајт, или во нашите е-пораки кои ни овозможуваат да одредиме дали сте извршиле одредена акција. Кога ќе пристапите до овие страници или ја отворите вашата е-пошта, пиксел таговите генерираат не-лични податоци за таа акција. Податоци од паметни уреди користиме кога вашиот уред има интеракција со нашиот сајт или апликација и кога не сте логирани на нашиот сајт. Ако имате прашања околу безбедноста и политиката за заштита на лични податоци на Вашиот мобилен уред, ве молиме обратете се за информации и инструкции кај Вашиот мобилен оператор или продавач или производител на уредот за да научите како да ги подесувате овие активности.


6. Безбедност на податоците

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и преземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб-страна со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Ние Ви препорачуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер, до кои само ние имаме пристап. Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.


7. Пристап и промена на Вашите податоци

Можете да ги пристапите или промените Вашите податоци кои сте ни ги оставиле преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил. Едниствено што неможе да го промените сами е Вашето корисничко име во профилот, затоа доколку сакате да ја промените ве замолуваме да ни испратите електронска порака на PowerPlate.mk со името кое сакате да се замени и новото име.

Ние ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате Вашите лични податоци доколку се променат. Доколку сакате да го остраните профилот може да испратите барање на PowerPlate.mk но сепак тоа не означува дека сите податоци претходно зачувани ќе бидат избришани, бидејќи ние чуваме податоци за изминатите активности. Покрај тоа, може да биде невозможно за нас комплетно да ги избришеме сите ваши податоци, бидејќи периодично правиме резервна копија на датабазата.


8. Приватност на трети страни

Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на www. PowerPlate.mk. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.


9. Терминологија

Податоци од паметни уреди, се однесува на податоци од уред кој го користите за да пристапите или користите веб сајт, како што е тип на оперативен систем или тип на мобилен уред, тип на пребарувач, домеин, јазик кој го користи Вашиот систем, држава и временска зона на Вашиот уред, гео локација и софтвер на Вашиот уред.

Не-лични податоци, се однесуваат на податоци кои сами по себе не може да ве идентификуваат. Тука спаѓаат Колачиња, Пиксел тагови и Податоци од паметни уреди.

Друштвени јавни области, се однесува, збрино на сите наши страни и на социјалните мрежи, форуми, теми за дискусија и коментари на понудите и други методи на комуникација кои може да бидат овозможени или поврзани преку нашиот сајт.

Даватели на услуги, се трети лица чии услуги ги користиме, а кои ги извршуваат во наше име, како што е сервис за испраќање на промотивни и други е-маил пораки, маркетинг агенции и аналитичари.


10. Контакт во врска со политиката за заштита на лични податоци

Ве молиме контактирајте не ако имате било какви прашања во врска со нашата Политика за заштита на лични податоци. Можете да не контактирате онлајн на PowerPlate.mk или може да ни испратите пошта на следната адреса:

Поуер Плејт ДОО
Ознака: Политика на приватност
ул. Аминта Трети 64а-2, 1000 Скопје Македонија